Опис на производот
Низ вековите, безвременските зборови на големите духовни учители се зачувани во класични дела кои станаа универзално познати и длабоко почитувани. Примерот на Христос е просветлен во „Новиот завет“; патот на Буда е отелотворен во „Дамапада“; „Багавад Гита“ ги открива бесмртните вистини на Шри Кришна; а длабокото учење на Шри Рамакришна е претставено во „Евангелието на Шри Рамакришна“. Додека светлината на Шри Чинмој е собрана во овој јасен, сеопфатен духовен водич – „Мудроста на Шри Чинмој“.