Опис на производот
Човечкото тело, храмот на душата – колку навистина знаеме за овој дел од нас? Процесот на еволуција воочливо го менува. Науката постојано се повеќе открива за потенцијалот и ограничувањата на телото, неговите слабости и јаки страни.
Оваа книга одговара на прашања во врска со телото од духовна гледна точка. Шри Чинмој е Богореализирана душа во постојан допир со највисоката Реалност. Неговите инспиративни откритија можат да ги водат нашите животи и да ги просветлат нашите умови за оваа значајна тема.