Сон-Слобода-Мир-Птици

Во 1991-вата година, за време на една посета на Малта, Шри Чинмој започна нова фаза во неговото уметничко творештво, така што ја нацрта првата од тоа што тој го нарече „Сон-Слобода-Мир-Птици“ („Dream-Freedom-Peace-Birds“). Птиците се често познати како „Душа-Птици“ („Soul-Birds“), врз основа на фактот што тие го претставуваат безграничниот лет на човечката душа. „За мене птиците имаат многу посебно значење на духовно ниво.“ – кажува Шри Чинмој. „Тие летаат на небото, а небото е целото слобода. Затоа кога птиците летаат на небото, ме потсетуваат на бесконечната слобода на душата. Душата доаѓа од Небото. Кога мислиме на птици, се потсетуваме и на нашиот Извор, а тоа ни дава огромна радост.“

Шри Чинмој има нацртано преку 15 милиони птици, како поединечни цртежи или како дел од огромни уметнички дела што содржат стотици различни птици. Исто како и неговите „Џарна-Кала“ („Jharna-Kala“) дела, така и цртежите на птиците досега се изложени во многу престижни локации ширум светот, како „Лувр“ и „Сиднеј Опера Хаус“. Одржани се неколку изложби со голем број на Душа-Птици, вклучувајќи ја изложбата на еден милион птици во Отава, во 1994-тата година и изложбата на 200 000 птици во Аугсбург.

Низ годините Шри Чинмој користеше голема имагинација во неговиот избор на уметнички „платна“, како широк спектар на хартија, црташе птици на најразлични ткаенини, исто така користеше широк спектар на секојдневни предмети на кои црташе птици – чинии, чаши, школки, дури и часовници и играчки за деца! Често ќе нацрташе серија на цртежи користејќи еден одреден медиум, на пример, во 2004-тата година, за време на една посета на Кина, Шри Чинмој нацрта серии на птици на кинеска оризова хартија, користејќи традиционални калиграфски четки, додека во ноември 2006-тата година нацрта друга серија на птици на црна хартија на која кога се гребе, се открива обоената хартија под неа.

Цртањето на овие птици е нешто што секогаш му даваше голема радост на Шри Чинмој. „Кога цртам птица, мислам на душата – нова творба, нова надеж, ново ветување, нов мир, ново блаженство и ново совршенство на земјата.“ – вели тој. Тој често го користеше тоа што другите би го нарекле „мртво време“ – време поминато чекајќи да се случи нешто или патувајќи помеѓу некои места – за да нацрта уште неколку од овие прекрасни птици, најдобро претставувајќи ја неговата филозофија, никогаш да не се троши залудно ниеден момент. Со таква брзина ги црташе тие творби, што некој би помислил дека уметникот и не создава толку нешто, колку што ослободува нешто што е веќе тука. За многу луѓе гледањето на птиците на Шри Чинмој буди спонтано чувство за нивниот сопствен внатрешен лет и низ годините тие беа предмет на многу пофалби и восхит од критичари на уметност ширум светот.