Вeжба зa кoнтeмплaциja

1. Криенка. Обиди се да зaмислиш златно битие и да почувствуваш дека е бескрајно поубаво од најубавото дете што некогаш си го видел на земјата. Тоа битие е твојот Сакан Господ Севишен. Ти си божествениот вљубеник, а златното битие е твојот Сакан Господ Севишен.

Сега, обиди се да замислиш дека твоето сопствено постоење и исто така и тоа на твојот Сакан се на врвот на Хималаите или на самото дно на Тихиот Океан, тоа што е полесно за тебе. Кога ќе го почувствуваш тоа, насмевни се внатрешно.

По неколку секунди, те молам, почувствувај дека ти самиот си Саканиот Севишен, а дека златното битие е божествениот вљубеник. Тоа е како божествена игра на криенка. Кога ти ќе станеш Саканиот Севишен, божествениот вљубеник те бара тебе, а кога ти ќе станеш божествениот вљубеник, ти го бараш Саканиот Севишен. Во еден момент си врвниот вљубеник, а во следниот момент си Саканиот Севишен.

На почетокот, те молам, прави го тоа со полуотворени очи. Кога ќе станеш експерт, може да ги затвориш очите.