„Сите ние сме членови на семејство-свет-единството. Заедно како браќа и сестри, чекориме по вечниот пат кон утрешното златно зајдисонце.“ – Шри Чинмој
Шри Чинмој е ретко отелотворување на древна дисциплина, мудрост и идеали. Човек со неугаслива жед за олеснување на страдањето и за потполно исполнување на човечкиот род. Како неуморен иноватор, Шри Чинмој помина 50 години во творење на моќни фонтани на инспирација и охрабрување, со неговите животни постигнувања од внатрешната дисциплина и посветеност на Севишниот.
Лично уверен, охрабрен и мотивиран од некои од најголемите лидери и визионери на XX век, Шри Чинмој беше во можност да ги канализира возвишените енергии откриени однатре во солидни и практични алатки за подобрување на животот на неговите браќа и сестри.
Од неговото возвишено единство со човештвото, Шри Чинмој создаде посебен пат кон лична и заедничка радост и благосостојба, што понизно и безусловно ја нудеше на стотици начини преку повеќе од четири децении, на многу разновидни и импресивни полиња.
„Мојата крајна цел е моќта на љубовта да ја замени љубовта за моќ во секоја личност. Дури тогаш светскиот мир ќе биде постигнат, откриен, понуден и манифестиран на земјата.“ – Шри Чинмој
БИОГРАФИЈА
Шри Чинмој е роден во мало село, во далечниот источен регион на Индија (денешен Бангладеш), на 27.8.1931 година. Неговото едноставно, идеално воспитување во тој период дојде од неговите сакани родители, неговите три постари браќа и три постари сестри. Неговите рани години беа проткаени со љубов и наклонетост, а истовремено и со епизоди на палавост и бестрашни авантури.
На негова 11-годишна возраст, Шри Чинмој го изгуби својот татко, а по една година почина и неговата мајка, што му нанесе неподнослива болка; и така без мајка и татко, Шри Чинмој помина преку 2 000 km за да стигне на југот од Индија, во ашрамот на Шри Ауробиндо. Ашрамот беше епицентар на духовна и културна ренесанса, предводен од Шри Ауробиндо, револуционерот кој стана светец, и беше местото каде најстариот брат на Шри Чинмој се пресели неколку години порано.
Во тоа опкружување, големата празнина во срцето на младото момче беше исполнета и неговото непрестајно тежнение да ги разбере основите на човековото постоење беше исполнето преку возвишените искуства на бесконечното, секогаш променувајќи ги неговите погледи на светот.
Тоа невообичаено окритие на човековиот бесконечен капацитет и врвната поврзаност со Севишниот, го понесе Шри Чинмој на пат кон божествено себеоктривање, каде остануваше во длабока медитација и контемплација дури и по 14 часови дневно.
Наспроти промовирање на повлекување од светот, ашрамот бараше социјална интеракција и врска со физичкиот свет. Во ашрамот Шри Чинмој се докажа со неколку капацитети, вклучувајќи и атлетика. Како шампион во спринт и десетобој, така и како поет и музичар, неговите таленти беа нашироко ценети.
Шеесеттите години беа време на експериментирање и социјални промени. За Шри Чинмој беа време на откривање на потенцијалот на Западот и подлабоко разбирање на врската помеѓу Западот и Истокот. Сепак, со време му се откри визија за поголема мисија и Шри Чинмој почна да копнее да ја сподели својата реализација и мудрост со оние што страдаат од постојано бунило во животот. Тоа тежнение, заедно со длабокото восхитување за американскиот идеал и ветување, од години поминати во проучување на големите американски гласови како Џеферсон, Емерсон, Тореу и потоа современи повици на служење од лидери како претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1944-тата година, на возраст од 32 години, го доведе Шри Чинмој во срцето на Њујорк, за постепено откривање на неговиот новосоздаден живот на служење на човековиот род и поглобална улога во воспоставувањето на промени.
Западните трагачи, филозофи и едукатори беа шармирани, зачудени и вплеменети од овој човек, млад во години, но древен во мудрост. Почнаа нестрпливо да го покануваат да држи говори и да ги презентира неговите погледи и филозофија.
Во 60-тите, раните 70-ти, беше формирана основата на патот и мисијата на Шри Чинмој. Со заемно пријателство и менторство со големи личности како генералниот секретар на Обединтетите нации и голем миротворец У Тант, папата Павле VI, маестро Пабло Казалас и Леонард Бернштајн, и олимпискот херој Џеси Овенс, расцвета животот на служење на Шри Чинмој и се вдоми во срцата на многу луѓе.
„За жал, за човештвото е многу редок подарок да биде благословено со таква безусловна личност што го посвети својот живот во служба на светскиот мир. Вашиот труд инспирира духовен развој, издржливост и благосостојба, особено во поглед на сегашните и невидени неправди на човечкиот род. Ваш е гласот на разумот што на сите нас ни треба.“ – претседателот Нелсон Мандела
„Пријателе мој, Вашите огромни и значајни активности им помагаат на луѓето да живеат подобро во мир, пријателство и љубов. На што и да се посветите – уметност, музика, поезија, цртање – сè тоа е поврзано со мир, мир помеѓу луѓето и мир помеѓу народите.“ – претседателот Михаил Горбачов
„Сè што Вие правите за светот е за славата на Бог и за доброто на луѓето! Молете се за мене како што јас се молам за Вас и за многуте Ваши проекти за мир во светот. Вашите дела на љубов се дела на молитва, а Вашите дела на молитва се дела на Бог.“ – Мајка Тереза
Во време на глобализација каде технологијата и комуникацијата откриваат капацитет да ги стопат границите и да го подобрат меѓукултурното разбирање како никогаш порано, разликите помеѓу луѓето и народите се продлабочуваат, понекогаш со насилни последици.
Но сепак низ годините никој не бил посветен на неопходноста од единство и не работел толку систематично за да го оствари тоа како што тоа го правеше Шри Чинмој.
Преку 40 години Шри Чинмој ја ширеше пораката на толеранција, единство и безусловна љубов помеѓу народните лидери и членови на светски организации како Обединетите нации. Тој покажа едноставност во постигнувањето на тие цели, преку крајно ефикасни програми во спортот, културата и уметноста, кои кога прво беа започнати, беа децении пред нивното време. Како вистински визионер, Шри Чинмој со децении ја промовираше филозофијата на глобално село – дека сите ние сме едно, поврзани еден со друг, не само политички, финансиски и културно, туку, што е уште поважно, во духот.