За тие што го видоа личното водство и менторство во продлабочувањето на нивното сопствено разбирање за себе и за светот, Шри Чинмој се продлабочи себе како Учител, нудејќи учење за медитација и филозофија.
Во строга согласност со источната традиција, Шри Чинмој не наплаќа за неговото служење и помош, верувајќи дека мирот е родено право на секој човек.
Голем број на ученици на Шри Чинмој имаат доста постигнато, завршувајќи настани што бараат голема издржливост, како препливување на Ла Манш, искачување на врвови на Хималаите или поставување Гинисови рекорди. Што е уште поважно, со подлабоко разбирање на учењето на Шри Чинмој, доста од нив можат да постигнат поголемо чувство на внатрешен мир и исполнување.
Во Скопје, „Шри Чинмој Центар“ („Sri Chinmoy Centre“) постои од 1990-тата година, редовно организирајќи предавања и курсеви за медитација, трки, концерти, изложби, саем на книга и филмски проекции.