Мир и единство помеѓу верите

„Духовноста не е само толеранција. Не е дури ни прифаќање. Таа е чувствo на универзално единство. Нашиот духовен живот цврсто и сигурно ја воспоставува основата на единството во разновидноста. Духовноста не е само уважување на другите вери во Бог. Таа е апсолутно признавање и прифаќање на нивната вера во Бог како нивна сопствена.“ – Шри Чинмој

Во време кога меѓурелигискиот раздор изгледаше ненадминлив, едноставноста и моќта на пораката на Шри Чинмој за единство помеѓу верите беше од огромна важност. Тргнувајќи од неговата филозофија дека „секоја религија е пат кој води до вечната Вистина и е соодветна манифестација на таа Вистина“, Шри Чинмој го посвети својот живот да изгради мостови помеѓу верите. 

Во 1970-тата година Шри Чинмој прифати понуда од третиот генерален секретар на Обединетите нации У Тант, да почне два пати неделно да држи неденоминални медитации во тишина за делегатите и персоналот во седиштето во Обединетите нации во Њујорк, што верно продолжи да го прави во наредните повеќе од 35 години. 

Во 1972-рата година на Шри Чинмој му беше врачен „Медалјон на папата“ од рацете на папата Павле VI. Се роди прекрасно и мошне важно пријателство.

Како заклучок на таа топла средба, папата изјави: „Ви благодарам, Ви благодарам, Ви благодарам… Вашата порака и мојата порака се исти. Кога двајцата ќе заминеме од овој свет, Вие и јас, ќе се сретнеме заедно.“  На таа средба, визијата и трудот на Шри Чинмој за единство помеѓу религиите, за прв пат беа високо вреднувани.

После таа средба со папата Павле VI и други историски пријателства со лидери од сите вери – вклучувајќи го папата Јован Павле II, Мајка Тереза, суфи лидерот Пир Вилајат Кан, архепископот Дезмон Туту, лидери на поголемите будистички и хиндуистички гранки, и исламски и еврејски лидери од поголем број на нации – Шри Чинмој ја покажа моќта на религиите што ги споија своите раце и срца на патувањето кон светскиот мир. 

Шри Чинмој одржа бројни меѓуверски служби за мир и ги донесе заедно во срцето, умот и духот, лидерите од сите религии, во духот на љубов, соработка, разбирање и единство.

Како истакнати сведоштва за неуморните напори на Шри Чинмој да ги соедини религиите, му беа понудени голем број на важни улоги, вклучувајќи го отворањето на меѓуверската прослава одржана во катедралата „Св. Јован Божествениот“ („St. John the Divine“) во Њујорк, одбележувајќи ја 50-годишнината на Обединетите нации. Шри Чинмој исто така беше избран да ja отвори 100-годишнината на Парламентот на светските религии во Чикаго, во 1993-тата година, 10-тиот најголем собир на духовни и религиозни лидери во историјата; како и четвртиот Парламент на светските религии, одржан 11 години подоцна во Барселона. Шри Чинмој исто така држеше голем број на меѓуверски програми и медитации во тишина за националните лидери во нивните парламенти.

„Шри Чинмој, Вашата животна работа на најпосветена служба за меѓуверско разбирање и светско единство е неспоредлива.“ – Пречесен Џејмс Паркс Мортон, претседател и организатор на годишната меѓуверска служба, претседател на Меѓуверскиот центар во Њујорк

„Навистина сум задоволна со целата добра работа што ја правите за светски мир и за луѓето од толку многу земји. Да продолжиме да работиме заедно и да споделуваме заедно, сè за слава на Бог и за доброто на луѓето.“ – Мајка Тереза

„Навистина сум трогнат од Вашите зборови. Оваа наша средба беше најзначајна.“ – папата Павле VI

„Благодарен сум за вашата посета… Бог нека Ве благослови и сите Ваши контемплативни активности.“ – Јован Павле II

„Се родив како хиндуист, но сега моја единствена религија е да го сакам Бог и да бидам во служба на Бог. Љубовта на Бог ги опфаќа сите религии: христијанството, хиндуизмот, будизмот, џаинизмот, муслманството и други. Роден сум како хиндуист, но со тоа што сум вљубеник во Бог, ги сакам сите религии и ги присвојувам сите религии како мои сопствени.“ – Шри Чинмој

 ШРИ ЧИНМОЈ ПРИМИ БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА МЕЃУВЕРСКА СЛУЖБА ВКЛУЧУВАЈЌИ:

„Висва Сама Дута“ – награда за амбасадор на универзален мир, доделена од монасите Азгирија од Шри Ланка

„За голема и длабока посветеност на мир и напредок на човештвото, поради Вашата порака за духовен развој и работата што ја правите за да пропагирате светски мир, ние Ве сметаме за вистински будист.“

„Златен печат на папата“ – доделена од папата Павле VI

„Доктор по филозофија во наука за религија“ – доделена од главниот семинар и колеџ „Св. Марк“, Минесота, САД

„Мир-Служба-Дрво награда на Индија“ – доделена од Факултетот за религиски студии во склоп на меѓународниот Универзитет на Флорида

„Гласник на милениумот“ – доделена од Факултетот за теологија и религија во склоп на Универзитетот „Св. Јован“, Њујорк

„Почест за Шри Чинмој од проектот за плурализам на Универзитетот „Харвард““ – доделена од Универзитетот „Харвард“

„Почест за Шри Чинмој од Колеџ ’Кингс’, Универзитет ’Кембриџ’“ – доделена од Колеџот „Кингс“ во склоп на Универзитетот „Кембриџ“, деканoт на капелата „Џорџ Патисон“