Шри Чинмој прими бројни награди од меѓународни лидери и институции вклучувајќи:

„Големиот крст на Васко Нунез де Балбоа“ – највисока Панамска почест
„Амбасадор за мир на Порторико“ – доделена од гувернерот Рафаел Колон
„Прв глобален човек на XX век“ – пораки за почит доделени од преку 30 светски лидери
„Сребрен медалјон на Обединетите нации“ – доделен од генералниот секретар на Обединетите нации, Курт Валдхајм
„Нехру медалјон“ – доделен од УНЕСКО
„Срце на напредок на Обединетите нации“ – доделена од УНДП (UNDP), Програма за развој на Обединетите нации
Награда „Мајка Тереза“ – доделена од претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски
„Хуманитарна награда на Џеси Овенс“ – доделена од Фондацијата Џеси Овенс
„Претседателски медалјон на Словачка“ – доделен од претседателот Михал Ковач
Награда „Аџија на мир“ – доделена од „Меѓународниот центар за мир меѓу народите“, Италија
„Принц на кралската палата на Суракарта“ – доделена од кралот Пакобуоно XII, Индонезија
„Претседателски медалјон на Индонезија“ – доделен од потпретседателот Хамза Хаз
„Про култура хунгарика“ – доделена од министерот за култура на Унгарија
„Медал за мир и пријателство меѓу нациите“ – доделен од Владата на Виетнам
Награда „Срце на Европа“ – доделена од водечките членови на Парламентот на Австрија
„Орден за заслуги на Република Унгарија“ – доделен од претседателот Ференц Мадл
„Сахат Митра на Камбоџа“ – највисока национална награда доделена на граѓанин од друга земја
Награда „Пакс Африкана“ – Нигерија
„Медал за пријателство“ – доделен од претседателот Намбарин Енкбајар, Монголија