Повеќе од 70 „Шри Чинмој“ улици во повеќе од 15 земји се посветени од страна на локалните власти. Секој ден илјадници луѓе од различни вери и од различно потекло минуваат по тие улици и добиваат инспирација и охрабрување од пораката за единство на Шри Чинмој. Првата посветена улица како дел од оваа програма се наоѓа во Флашинг Медоус Парк (Flushing Meadows Park) во Њујорк, во пределот на Ју Ес Опен Тенис Турнамент (US Open Tennis Tournament) и местото каде се одржани многу повеќедневни ултрамаратони поддржани од Шри Чинмој.
„Каков мир бараме? Зборувам за вистински мир, оној мир за кој вреди да се живее на земјата. Не само мир за Американците, туку мир за сите мажи и жени; не само мир во нашето време, туку мир за сите времиња.“ – претседателот Џон Ф. Кенеди, говор на Американскиот Универзитет, Вашингтон (10.6.1963)