Служење во Обединетите нации

Во 1970-тата година Шри Чинмој прими единствена покана да биде во служба на Обединетите нации.

Со лично охрабрување од неговиот драг пријател У Тант, третиот генерален секретар на Обединетите нации, Шри Чинмој ја започна неденоминалната „Пис медитејшн груп“ („Peace meditation group“) – група за медитација за мир, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Оттогаш тој држеше медитации два пати неделно за делегатите и персоналот, со цел за поттикнување на највисоките идеали на Повелбата на Обединетите нации, имено мир, толеранција и соработка помеѓу луѓето.

Цврсто верувајќи во целите на Обединетите нации, Шри Чинмој опширно предаваше за улогата на Обединетите нации во маршот на човештвото напред кон мир и прими бројни признанија од лидерите и заедницата на Обединетите нации.

Изјава за мисијата од Шри Чинмој:

МЕДИТАЦИЈА ЗА МИР ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

„Ние веруваме дека секој човек го има потенцијалот да ја достигне Крајната Вистина. Ние исто така веруваме дека човекот не може и нема да остане несовршен засекогаш. Секој човек е инструмент на Бог. Кога ќе дојде време, секоја посебна душа ги слуша внатрешните пораки на Бог. Кога некој го слуша Бог, неговите несовршености се претворени во совршености, неговото незнаење во знаење, неговиот ум што постојано бара во светлина што се открива и неговата несигурна реалност во сеисполнувачка Божественост.“

„Слушав за Вас од многу, многу луѓе. Кој и да ми зборуваше за Вас, беше полн со благодарност и восхит, и јас лично чувствувам дека Вие извршувате најзначајна задача за Обединетите нации. За мене е огромна привилегија да Ве видам. Ве молам, почувствувајте ја мојата искрена почит и искрена грижа за она што Вие го правите за човештвото.“ – У Тант, трет генерален секретар на Обединетите нации

„Знам колку многу придонесовте за нашите напори во Обединетите нации да работиме за мир, да работиме за разбирање, да го премостиме јазот помеѓу богатите и сиромашните луѓе во светот, и да се обидеме да ги подобриме животите на толку многу луѓе што страдаат.“ – Курт Вајдхајм, четврт генерален секретар на Обединетите нации

„Шри Чинмој, Вие сте срцето на Обединетите нации. Во сите години кога бев генерален секретар, и дури и претходно, Вие бевте секогаш со нас. Вашата порака беше секогаш со нас и ние бевме инспирирани од Вас.“ –  Хавиер Перез де Куељар, петти генерален секретар на Обединетите нации

„Преку Вашите молитви, медитации, концерти и глобалната „Трка на мирот“, Вашата работа ги поврза вљубениците во мирот во повеќе од 100 земји и го надополни тоа во светската организација.“ – Кофи Анан, седми генерален секретар на Обединетите нации

„…бидејќи војните започнуваат во умот на луѓето, во умот на луѓето треба да се изгради одбраната на мирот.“ – Устав на УНЕСКО (UNESCO) – Образовна, научна и културна организација на Обединетите нации

„Мирот не е отсуство на војна. Надворешно две земји може да не се во војна, но доколку внатрешно негуваат агресивни мисли, непријателски мисли, тоа е исто така војна.“ – Шри Чинмој

„Мирот е присуство на хармонија, љубов, исполнување и единство. Мирот е поплава од љубов во светското семејство. Мирот е единството на универзалното срце и единството на универзалната душа.“ – Шри Чинмој

„Надворешната порака на Обединетите нации е мир. Внатрешната порака на Обединетите нации е љубов. Најдлабоката порака на Обединетите нации е единство.“ – Шри Чинмој