„Сите ние сме навистина неограничени, само доколку се осмелиме да пробаме и доколку имаме верба.“ – Шри Чинмој
Од 1985-тата година, на возраст од 54 години, па се до неколку месеци пред неговото заминување од овој свет во октомври 2007-мата година, Шри Чинмој се впушти на патување за подигнување на тежини, што ја пленеше имагинацијата на публиката преку подигнување на автомобили, авиони, слонови, бродови, дрва и статуи, оддавајќи им почит на луѓето за нивното инспиративно служење, со подигнување на нивното тело и дух. Шри Чинмој во неговото подигнување на тежини виде можност да даде демонстрација дека ништо не е невозможно кога ќе се остават настрана ограничувањата на умот:
„Се трудам да им бидам од некаква внатрешна служба на луѓето што сакаат да отидат еден чекор понапред. Не мора да подигнат 1000 kg, но можеби ќе ја видат инспирацијата што им ја нудам и ќе направат напор да направат нешто во нивните животи за што претходно мислеле дека е премногу тешко или невозможно. Можат да добијат инспирација да направат нешто подобро од тоа што го правеле на секое поле.“
Многу од неговите подигнувања беа проследени на телевизија и во весниците низ САД и низ светот. На прашањата на новинарите, Шри Чинмој ја припишува неговата моќ за подигнување на внатрешната сила добиена со медитација и молитва.
„Како поединец јас сум ништо и не можам да направам ништо. Сè што сум постигнал го припишувам 100-процентно на Божјата Милост. Кога се молам и медитирам, чувствувам дека некој друг ми помага, додека обичен човек чувствува дека може да се потпре само на себе. Кога подигнува, тој мисли дека тој сам го прави тоа. Вежбал многу години, ја развил својата сила и чувствува дека сè зависи од неговата физичка сила. Но во мојот случај, јас чувствувам дека сум само инструмент. Постои друга сила што доаѓа да ми помогне. Таа сила ја нарекувам Божја Милост.“
Подвизите на Шри Чинмој за подигнување на тежини беа сведочени од многу професионални кревачи на тегови и бодибилдери, кои забележаа колку многу тежина беше способен да подигне и покрај тоа што не беше посебно мускулест. Бил Перл, 5-кратен победник на „Мистер Универзум“ и изгласан за „Најдобро граден човек на XX век“, рече за подигнувањето на Шри Чинмој:
„Од Шри Чинмој научив дека големината на раката не го прави човекот, големината на срцето го прави човекот. Никој на земјата го нема направено тоа што го направи Шри Чинмој.“
Низ многуте години од неговата кариера на подигнување на тежини, Бил Перл беше најголемиот поддржувач на Шри Чинмој, од давајќи непроценливи совети до водење на церемониите за подигнување на тежини на Шри Чинмој. Исто така и други великани во подигнување на тежини и во бодибилдинг ја препознаа невообичаената природа на постигнувањата на Шри Чинмој и му дадоа огромна поддршка. Френк Зејн, 3-кратен „Мистер Олимпија“ и 3-кратен „Мистер Универзум“, ја оддаде следната почит по преминувањето на Шри Чинмој:
„Тој го даде својот живот за да го подигне светот, буквално и метафорично. Неговата посветеност и ентузијазам за неговите подигнувања беше заразна – последниот пат кога зборувавме бев обземен, на негово изненадување, од неговото подигнување, секогаш работејќи да се подигне повеќе и повеќе низ годините. Ме направи да посакам да тренирам уште повеќе.“
Трикратниот светски шампион во тешка категорија Мухамед Али го кажа следното за подигнувањата на Шри Чинмој:
„Шри Чинмој е многу духовен човек. Чувствувам дека причината поради која Шри Чинмој ја подигна оваа тежина е неговата љубов за Бог и верувањето дека преку Бог сите нешта се возможни. Овој човек го направи невозможното поради верба, мудрост и љубов за Бог. Преку Бог можеме да направиме сè и Тој ни дозволува да достигнеме далеку над човечките напори. Можеби чувствуваме дека не можеме да продолжиме понатаму, но бидејќи наоѓаме внатрешна верба, ние продолжуваме. Телото вели ’стоп‘, но духот плаче ’никогаш‘. Не постои сопирање во кодот на борецот.“