Шри Чинмој единство-дом трка на мирот

Основана од Шри Чинмој во 1987-мата година, „Шри Чинмој единство-дом трката на мирот“ („Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run“) беше прва активност за спорт и развој, и е најдолгата и најголемата штафетна трка за мир во човештвото.

Секоја година вклучува милиони мажи, жени и деца од преку 80 нации во глобална факел-штафета. Помеѓу учесниците и патроните на оваа трка се вбројуваат: папата Јован Павле II, Мајка Тереза, претседателот Михаил Горбачов, претседателот Нелсон Мандела, Карл Луис, Мухамед Али и многу други лидери и славни личности. Историските штафети ги вклучуваат и првите современи иницијативи за поврзување на Израел со Египет и Израел со Сирија.

КОМЕНТАРИ ЗА „ШРИ ЧИНМОЈ ЕДИНСТВО-ДОМ ТРКАТА НА МИРОТ“

Ги поздравувам тркачите на ’Трката на мирот‘ што го носат факелот до дестинацијата на мир низ улиците на светот.– папата Јован Павле II

„Среќен сум што можам да ја поддржам Вашата ’Трка на мирот‘ за правда, мир и помирување. Светот мора да знае дека Бог сака да живееме спогодбено како браќа и сестри, членови на едно семејство, човечкото семејство, Божјото семејство.“ – архиепископот Дезмонд Туту

„’Трката на мирот‘ ја симболизира надежта за мир во светот што сите ние ја негуваме. Ги потсети Канаѓаните на потребата на сите нации да коегзистираат во мир и на важноста на хармонијата во светот за нашата планета.“ – премиерот Брајан Мулрони, Канада

„Вие придонесувате да се изградат мостови помеѓу луѓето и нациите. Вашите придонеси и соработка во постигнувањето на тоа што Повелбата на Обединетите нации го бара од нас да го направиме, се најнеопходни и најдобредојдени во нашите турбулентни времиња на светска состојба на мир.“ – Владимир Петровски, генерален директор на ОН, Женева

„Носачите на факелот се сите тркачи од ’Шри Чинмој маратон тим‘. Преку 30 години Шри Чинмој е амбасадор за мир преку неговата работа како автор, композитор, музичар, уметник и спортист. Тој ја започна глобалната ’Трка на мирот‘ во 1987-мата година, која се одржува на секои две години.“ – Би-Би-Си (BBC) спикер, пред кралицата Елизабета да го запали првиот факел