
Цврсто верувајќи во неоходноста од физичкото здравје, Шри Чинмој не само што ги помогна првите маратони и ултрамаратони, туку и самиот учествуваше на многу такви настани.
Инспирирани од верувањето на Шри Чинмој во неограничениот потенцијал на човекот, стотици и илјадници учесници ги надминуваат своите граници и го откриваат својот потенцијал преку трките на тимот. Инспирирани од посветеноста на Шри Чинмој на долгите трки, во 70-тите години беше основан „Шри Чинмој маратон тим“ („Sri Chinmoy Marathon Team“), со цел да се промовира здравјето преку трчање. Оттогаш тимот има одржано илјадници трки, од сениорски атлетски натпревари до маратони и повеќедневни трки, вклучувајќи ја и најдолгата трка во светот на 3100 милји.
Во Македонија, „Шри Чинмој маратон тим“ постои од 1990-тата година, во рамките на здружението на граѓани „Шри Чинмој Центар“. А од 1997-мата година се формира како посебно спортско здружение – атлетски клуб.
Денес „Шри Чинмој маратон тим“ е член на Атлетската Федерација на Македонија и активно учествува со сопствена организација на маратонски и улични трки, како и со ко-организација на заеднички спортски настани.
„Шри Чинмој маратон тим“ активно соработува со Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), Сојузот на спортови на град Скопје и на Македонија, како и со други спортски здруженија.
Од страна на МОК, како израз на признание за неговиот посебен придонес во развојот на спортот, на Шри Чинмој му беше доделена Олимписка награда насловена: „Древен дух на олимпизмот“. Признанието му беше доделено на трката за Мајка Тереза, што се одржа при неговата посета на Македонија на 15.10.2003 и 16.10.2003, по покана од трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.
Посебниот придонес во македонскиот спорт и атлетика, „Шри Чинмој маратон тим“ во Македонија го дава со настапот на свои маратонци на разни трки, кои за прв пат имаат поставено македонски рекорди во повеќе ултрамаратонски трки.
„Физичкото и духовното мора да одат заедно. Тие не може да бидат одвоени.“ – Шри Чинмој