Шри Чинмој е маестро, врховен музичар и композитор, чии дела го држеа во најбудно внимание дури и големиот Леонард Бернштајн. Шри Чинмој има компонирано повеќе од 13 000 песни на неговиот мајчин бенгалски јазик и 7 000 на англиски и други јазици, изведени на повеќе од 800 концерти. Тие концерти се одржани во значајни светски места како Ројал Алберт Хол (Royal Albert Hall), Линколн Сентр (Lincoln Center) и Сиднеј Опера Хаус (Sydney Opera House), и сите се понудени бесплатно.
Музичарот цврсто верува дека музика како неговата, што е посветена на внатрешен мир, не треба и не може да биде понудена за одредена цена. „Мирот е наше родено право.“ – објаснува Шри Чинмој.
„Многу сум Ви благодарен за најубавиот момент од мојот живот.“ – Дон Пабло Казалс
„Шри Чинмој е чудесен модел за изобилството во креативниот живот и јас само можам да се надевам дека еден ден ќе можам да учествувам во таа космичка фонтана на спокој и длабока енергија, во која тој живее.“ – Маестро Леонард Бернштајн
„Тоа што го прави Шри Чинмој е дадено од Бог! Тој има огромен, фантастичен, креативен порив.“ – Пандит Рави Шанкар
„Преку музиката, универзалното чувство на единство може да се постигне додека да трепнеш.“ – Шри Чинмој
„Песни на душата“ („Songs of the Soul“) е музичко патување што ја зема длабочината, моќта и чистата пространост на музичките композиции на Шри Чинмој, и ткае искуство посветено на патувањето на човечката душа.