Презентирана на мажи, жени и деца од сите сфери на животот, наградата „Подигнување на светот со единство-срцето“ („Lifting Up the World with a Oneness-Heart“) им оддава почит на луѓето што помогнале да се подигне стандардот на човештвото.
Некои од најзначајните примачи вклучуваат: духовни лидери како Мајка Тереза и архиепископот Дезмонд Туту; светски лидери како претседателот Нелсон Мандела и претседателката Мери Робинсон; лидери на Обединетите нации како Хавиер Перез де Куељар; музичари како Стинг, Роберта Флек, Рави Шанкар, Џанос Старкер и Виклеф Џин; атлети како Мухамед Али, Карл Луис, Бил Перл, Френк Зејн, Били Џин Кинг и Мартина Навратилова; професори како д-р Џејн Гудал и хуманитарци како Ричард Гир и Сузан Сарандон.
Шри Чинмој го почестува секој примач на единствен спектакуларен начин – со подигнување над земјата на посебно изработена платформа. Шри Чинмој подигна личности од сите големини, вклучувајќи го светскиот шампион во сумо борење Асашори; како и човек тежок преку 318 kg, како начин да му честита што ослабнал 45 kg.
Оваа единствена програма израсна во семејство на примачи од преку 100 нации, претставувајќи ги сите вери и потекла, вистинско глобално движење за охрабрување и добра волја.
„Од длабочината на нашите срца, Ви благодариме што ја сносивте тежината на Стинг и Труди Стајлер на Вашите огромни рамена и што нè подигнавте високо, за нашите срца да се отворат, за да ја примат универзалната љубов што се излева од Вас.“ – Стинг, легендарен музичар
„Ви благодарам за целата Ваша работа. Ме зајакнува и ме придвижува да знам дека Вие го правите тоа што го правите. Уште еднаш Ви благодарам за оваа чест – да бидам во друштво на луѓето што ја примија оваа чест е исто така многу инспиративно. Важно е да се потсетиме дека не сме сами.“ – Сузан Сарандон, актерка добитничка на Оскар
„Срцето на единство-мирот е секогаш над досегот на умот што се сомнева.“ – Шри Чинмој
„Пред да подигнам, се молам. Додека подигнувам, се молам. И на крајот, откако ќе го завршам подигнувањето, повторно се молам и ја нудам мојата благодарност на Севишниот.“ – Шри Чинмој