„Единство-Срце-Солзи и Насмевки“ („Oneness-Heart-Tears and Smiles“) е светска волонтерска мрежа на развиени професионалци кои под директно водство на Шри Чинмој вршат хуманитарно служење во преку 50 нации, често служејќи на заедници со критични потреби преку екстремно брза мобилизација на човечки ресурси.
Основана во 1991-вата година од Шри Чинмој, како конкретен одговор на барање на претседателот Михаил Горбачoв и Раиса Максимовна да се испрати хемотерапија на руските деца што страдаат од леукемија, „Единство-Срце-Солзи и Насмевки“ оттогаш имаше можност да работи директно со голем број на пријатели на Шри Чинмој, вклучувајќи водечки личности и лидери како претседателот Нелсон Мандела, Мајка Тереза, генералниот потсекретар на Обединетите нации Анварул Чаудри, Ибрахим Гамбари, архиепископот Дезмонд Туту, како и мноштво на невладини организации претходници на меѓународен развој.
„Единство-Срце-Солзи и Насмевки“ е мрежа на посветени волонтери од многу националности и од сите вери, со мисија да им служат на заедниците на нациите во развој, често преку единствени методологии вклучувајќи меѓународни партнерства и меѓукултурни дијалози со акцент на креирање и одржување на проекти.
Со инспирирација од филозофијата на Шри Чинмој, секој проект се изгради во аспект на единство помеѓу луѓето, без оглед на раса, социјално-економска положба, религија или националност. Целта на секој проект се искуства со населението преку служење со чувство на заедничка инспирација, радост и благодарност, во духот на вистинска глобална одржливост со сите луѓе како еднакви жители на истата планета.
Организацијата е политички неутрална, во најчиста смисла на зборот, ниту е поврзана со некоја влада, ниту прифаќа финансирање од некоја влада. Сите членови на „Единство-Срце-Солзи и Насмевки“ се строго волонтери и го нудат нивното служење во духот на несебичност.
„Нашата хуманитарна служба не е самомотивирачки горделив чин на добротворно служење за сиромашните. Таа е огромна можност да се хранат, негуваат и зајакнат нашите сопствени сиромашни браќа и сестри за да можат рамо до рамо да маршираат заедно со нас во прогласувањето на свет-единство-победата на Бог Творбата.“ – Шри Чинмој
Од нејзиниот зачеток, „Единство-Срце-Солзи и Насмевки“ предводи проекти во близу 150 нации, вклучувајќи милиони долари во производи за исполнување како на критични, така и на долгорочни потреби.
Обезбеди 19 контејнери хуманитарна помош во Ангола во 2003-тата година, во време кога илјадници тони помош од други организации беа заглавени на царина.
ПОЗНАЧАЈНО:
- Катализираше промена во националната политика на Русија за третман на леукемија. Во 1991-вата година, Владата на Русија не ја финансираше хемотерапијата како третман за детска леукемија. Со непрестајните напори на Шри Чинмој и „Единство-Срце-Солзи и Насмевки“, во соработка со Раиса Максимовна Горбачов, Владата на Русија сега финансира такви третмани.
- Помогна во економското закрепнување на регионите погодени од цунами преку поддршка на локалната индустрија. На пример, 100 бродови за риболов и мрежи беа подарени на рибарите од Шри Ланка, што почнаа да ја ревитализираат нивната заедница преку индустријата и трговијата.
„Јас никогаш нема да ја заборавам и луѓето на Ангола секогаш ќе ја ценат огромната хуманитарна помош што Вие и Вашата организација ја обезбедивте за Ангола во времето на нејзината најголема потреба.“ – професорот Ибрахим А. Гамбари, генерален потсекретар на Обединетите нации и специјален советник за Африка