Од 1984-тата година, Шри Чинмој одржа преку 800 концерти за мир и внатрешна хармонија, на бројни светски познати места како Карнеги Хол, Сиднеј Опера Хаус, Ројал Алберт Хол, Линколн Сентр и Будокан Хол – секогаш бесплатно.
Публиката од 19 000 луѓе, седејќи во тишина, беше воодушевена од душевните мелодии на неговите соло изведби на флејта, виола, виолина, индиски есраџ, виолончело, синтисајзер, пијано, хармониум, слајд гитара и многу други инструменти.
Вкупно преку 1 милион луѓе се приклучија да ја споделат во тишина својата надеж и аспирација за похармоничен свет.
Вистински маестро, Шри Чинмој постојано компонираше и изведуваше за да ја продлабочи својата музикалност и длабочината на неговите музички дела што ги нудеше на светот.
„Шри Чинмој изведе една душевна изведба на есраџ и еден прекрасен, многу модерен, есеј на флејта, сосема доволно за да направи еден елен да ја положи својата глава во скутот на музичарот.“ – „Вашингтон Пост“ („Washington Post“)
„Ова беше вечер за тивка медитација и душевни мелодии изведени на индиски есраџ, флејта и други инструменти, испратени во свежиот воздух на вечерта од страна на Шри Чинмој.“ – „Лос Анџелес Тајмс“ („Los Angeles Times“)