Седмичната „Трка на себенадминување на 2 милји“ (3,2 km) е посебно искуство и задоволство што секој рекреативец или професионален атлетичар треба да го доживее. Трката ја организира „Шри Чинмој Маратон Тим“ веќе 20 години наназад. Самата специфичност на трката бара спој на брзина и издржливост, особини што се важни не само во спортот, туку и во нашето секојдневие.
- Трката се одржува секоја сабота, со почеток во 8:00 часот, во Градски парк, Скопје. Патеката е кружна, со должина од 500 m.
- Трката е од отворен карактер и може да учествува секој што сака.
- Учеството е бесплатно.