Шри Чинмој Мир-Цветови

Шри Чинмој Мир-Цветање

Повеќе од 150 нации се посветени на мирот како национални лидери на Шри Чинмој Мир-Цветови-Нации (Sri Chinmoy Peace-Blossoms-Nations), вклучувајќи преку 900 обележја, главни градови и значајни места во овој глобален политички проект чии ентитети ја потврдија нивната посветеност на соработка, дијалог и мир.

Шри Чинмој Мир-Цветови-Нациите ги вклучуваат: Австралија, Бразил, Канада, Индија, Јапонија, Норвешка и Јужна Африка. Обележјата посветени како Шри Чинмој Мир-Цветови ги вклучуваат: Монт Еверест, Матернхорн, Нијагарините водопади, Таџ Махал, Викториините водопади и Бајкалското Езеро.

„Чест е за Канада да се приклучи како нација за мир во меѓународната Шри Чинмој Мир-Цветови програма. Според зборовите на генералниот гувернер Жан Саув: ’Нека Шри Чинмој Мир-Цветови проектот остане долговечен придонес за светскиот мир за кој длабоко се надеваме и молиме.’“ – заеднички потпишано од лидерите на сите пет политички партии што ги претставуваат сите пратеници од сите партии (4.11.1998)

„Мир-Цветови го потврдува секое човечко суштество на земјата како негово сопствено, како дел од едно мирно и блажено семејство.“ – Шри Чинмој